Американскиот државен секретар Мајк Помпео и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, постигнале договор што поскоро да се одржи вториот американско-севернокорејски самит, соопшти Кабинетот на јужнокорејскиот претседател.
Помпео пристигна во Сеул по четвртата посета на Северна Кореја, при што имаше средба с Ким.
Американскиот државен секретар соопшти дека САД и Северна Кореја се согласиле да продолжат разговори за датумот и локацијата на следниот самит, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин.
Мун му се заблагодари на Помпео за неговата посета и изрази надеж дека потенцијалниот втор самит на Ким и американскиот претседател Доналд Трамп би бил успешен, кои за првпат се сретнаа во јуни во Сингапур.
-Искрено се надевам дека вашата посета, како и претстојните, се надевам, брз самит на САД и Северна Кореја ќе доведат до неповратни и одлучувачки напредок во процесот на денуклеаризација и мировниот процес-нагласил Мун.