Стејт департментот соопшти денеска дека е откажан состанокот на американскиот државен секретар, Мајк Помпео и германската канцеларка, Ангела Меркел поради, како што е наведено, горливи проблеми.
Помпео требаше да се состане со Меркел и германскиот министер за надворешни работи, Хајк Маса во Берлин, а Стејт департментот не образложи поради што точно е откажан состанокот, пренесе „АП“.
Ниту во кабинетот на Меркел и Маса не го коментираа откажувањето на состанокот.