Велика Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за Фокс њуз.
Коментирајќи го запленувањето на британскиот танкер од иранската револуционерна гарда во петокот во Ормутскиот Теснец, Помпео истакна дека првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија.
– САД имаат одговорност да ја одиграат својата улога, но светот, исто така, има голема улога во тоа да ги чува отворени овие поморски патишта – рече Помпео.
Тој додаде дека САД не сакаат не сакаат војна со Иран, но бараат од нив да се однесуваат како нормална држава.
Танкерот со екипажот во моментов е задржан во иранското пристаниште Бандар Абас. Велика Британија синоќа најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормутскиот Теснец.