Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка на американските антирасистички собири против полициската бруталност прераснаа во насилство.
Полицијата на Твитер соопшти дека неколку стотици агресивни луѓе извршиле притисок на полицијата во центарот на градот и дека еден полицаец е ранет.
– Моравме да употребиме бибер спреј. Со должна почит за емоциите, но напдите на полицијата се неприфатливи“ навела полицијата.
На друга локација пак околу 350 луѓе стоеле пред водените топови.
– За нас ова се неовластени, неодобрени собири и ги повикуваме луѓето да се разотидат – порача полицијата на Хамбург.