Италијанската полиција уапси 18 лица во голема акција во Реџо Калабрија, под сомнение за мафијашки активности, вклучувајќи го и градоначалникот на Делиануова Франческо Роси, како и двајца локални бизнисмени, пренесува весникот „Газета дел суд“.
Обвиненијата против осомничените вклучуваат изнуда, поврзаност со мафијата, измама и нелегални трансакции, за потребите на кланот Алваро ди синполи.
Роси е обвинет за злоупотреба на функцијата која ја извршуваше во изминатите три години, со цел за нелегално доделување на државни средства и договори на мафијашкиот клан.
Изведената рација е резултат на петгодишна истрага, во рамките на која полицијата надгледуваше ордерена фарма во областа Синполи, која е оквалификувана како „нервниот центар“ на нелегалните активности на кланот.
Калабриската мафија Н’Дрангета не е толку позната надвор од Италија, како што се сицилијанската Коза ностра и неаполската Камора, но забележа подем од почетокот на 21-от век, станувајќи најмоќната криминална организација од трите.
Припадниците на калабриската мафија станаа озлогласени во Италија во 70-те години на минатиот век, поради нивната практика за киднапирање на богатите граѓани од северот на државата.