Припадници на интервентната полиција во центарот на Минск ги спуштија штитовите во знак на солидарност со демонстрантите за време на протестот во главниот град на Белорусија.
Неколку илјади демонстранти се собраа на Плоштадот на независноста во Минск, барајќи оставка од претседателот, Александар Лукашенко, јави „Тасс“.
Во Белорусија на 9 август се одржаа претседателски избори, а сегашниот претседател Александар Лукашенко обезбеди нов мандат со 80,08 проценти од гласовите, додека неговиот главен ривал, Светлана Тихановскаја, доби 10,09 проценти од поддршката на гласачите.
Резултатите од изборите во јавноста покренаа многу прашања и сомнежи за регуларноста и предизвикаа повеќедневни насилства и протести.