Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако претходните изборни резултати од изборите на 31 март беа поништени.
На претходните избори со тесно водство победи лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу.
Неговиот противкандидат е поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот – АКП, на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Имамоглу ја вршеше должноста градоначалник само 18 дена, по што следеа низа жалби од Партијата на правдата и развојот на Ердоган. Поради жалбите, изборната комисија го поништи гласањето поради нерегуларности во именувањето на членовите на бирачките одбори на изборните места.