Две од секои три деца во Централноафриканската република имаат потреба од хуманитарна помош. Илјадници од нив се наоѓаат во рацете на вооружени групи или се жртви на сексуално насилство, предупредува УНИЦЕФ.
Околу 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош во таа земја, во која долги години се водат борби меѓу вооружени групи.
– Кризата ја зафати една од најсиромашните и најслабо развиените земји во светот, но истовремено е и една од најопасните држави за хуманитарните работници – изјави Кристин Мухигана, претставничката на УНИЦЕФ за ЦАР.
Според неа, ситуацијата во која се наоѓаат децата во ЦАР е очајна.