Повеќе од 120 луѓе загинале или исчезнале во поплавите и сезонските поројни дождови во јужна Кина, соопштија кинеските власти. Националната метеоролошка служба издаде жолт метео аларм за недела наутро, и тоа е третиот од четирите нивоа на аларм издаден за неколку кинески провинции, вклучувајќи ги и градовите Шангај и Чонгчинг. Дождови се предвидени и во текот на утрешниот ден.
Телевизијата ЦЦТВ емитуваше снимки од поплавени улици во провинцијата Анхуи, додека околу 8,000 луѓе се евакуирани во јужната провинција Џијангси, а 54 куќи биле уништени во невреме претходните денови.
Поплавите низ Кина уништија 17.000 домови и предизвикаа штета од 41,6 милијарди јуани (5,9 милијарди долари). Медиумите пренесуваат дека според првичниот биланс, за време на бурата загинале или исчезнале 121 лице.