Турските власти поведоа правна постапка против 30 лица поради објавата на „Твитер“ дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наводно починал.
Во соопштението од полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите.
Тие би можеле да бидат обвинети за наводно ширење дезинформации и манипулативна содржина, како и за навреда на Ердоган, пренесуваат агенциите.
Твитовите, како што пишуваат медиумите во светот, следувале по зголемените шпекулации за здравјето на Ердоган и неодамнешното видео на кое било прикажано како турскиот претседател се движи непредвидливо и тешко.