Ирачките власти убија 12 лица осудени за тероризам, само неколку часови откако премиерот Хајдер ал Абади побара егзекуции по забрзана постапка.
Ирачката Влада денеска соопшти дека тоа бил одговорот на Абади за киднапирање и убиство на осум припадници на безбедносните сили.
– Врз основа на наредба на премиерот Хајдер ал Абади вчера се извршени егзекуции на 12 осудени терористи на кои им беа изречени конечни пресуди- соопшти портпарол на владата на Ирак.