Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков синоќа изјави дека ако САД распоредат ракетни системи во Европа тоа би значело крај на Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ), Русија ќе мора да ги насочи своите ракети кон тие системи.
Изјавата на Песков е коментар на вчерашната изјава на рускиот претседател Владимир Путин за можноста за нуклеарна војна по повлекувањето на САД од Договорот ИНФ.
– Од технолошка точка на гледање, претседателот го кажа тоа што го објаснил веќе многу пати. Работата е во тоа што повлекувањето од ИНФ може потенцијално да доведе до распоредување на ракетни системи со краток и среден дострел во Европа, како што беше за време на Студената војна, посочи Песков.
Тој додаде дека ракетните системи би можеле да бидат насочени кон Русија, поради што Москва ќе мора да одговори со својот ракетен арсенал за да би постигнала паритет.