Министрите за надворешни работи на Германија и Франција побараа Велика Британија да биде побрза и појасна откако премиерката Тереза Меј најави дека ќе побара продолжување на процесот околу Брегзит.
– Сакам да кажам, информирајте не ако дојде до промена. Три години по својата одлука, Британците мора да излезат со јасен план, во спротивно, мислам дека ќе сведочиме на тежок Брегзит – изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на заедничката прес-конференција со германскиот колега Хајко Мас.
– Не е пет до 12, туку пет минути после 12 и тоа мора да го знаат и оние во Лондон – рече Мас.
Британската премиерка тереза Меј изјави дека повторно ќе побара од Европската унија да го продолжи периодот за преговори за Брегзит и оти ќе се обиде со лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин да го надмине застојот во кој се најде тој процес во Парламентот.