Папата Франциск првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир во целиот свет со другите верски поглавари. Папата носеше бела маска за време на службата во римската базилика „Санта Марија“ во Аракеола, објави „Ројтерс“.
Тој претходно носеше маска само во автомобилот што го превезуваше до неделната аудиенција во Ватикан. Поради тоа, наиде на критики, особено на социјалните мрежи, затоа што не носи маска, а понекогаш доаѓа и во релативно близок контакт со посетителите.
Папата Франциск (83) присуствуваше на служба со другите поглавари на христијанските цркви вклучувајќи го вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, духовниот водач на православните христијани. Во исто време, на други локации во Рим, Евреите се молеа во градската синагога, а будистичките, хиндуистичките и муслиманските водачи исто така се молеа за мир.