Паника и загриженост владее меѓу жителите на албанското гратче Бурел, околија Пешкопеја, по објавувањето фотографија на која лице облечено во униформа на ИД „се обидува да грабне две деца“.
Најпрво фотографијата и кус текст беше обавен на социјалните мрежи, а потоа и во дел од медиумите.
Албанската полиција преку соопштение ги смирува жителите на ова гратче, но и околината дека станува збор за дезинформација.
Таа информира дека градот деноноќно е надгледуван со дрон, а биле прегледани и снимките од камерите кои се поставени на објекти во реонот каде што се претендира дека е видено лицето.
Според полицијата не е забележано такво сомнително лице, а во полиција не е пријавен случај за обид за киднапирање.
– Полицискиот комесаријат и локалната полиција од Бурел изразуваат жалење за овие дезинформации кои предизвикаа непотребна паника меѓу граѓаните. Овие целосно невистинити и злонамерни информации имаат за цел да ја омаловажат работата на полицијата и нејзините резултати кои ги постигнува во борбата против криминалот во целина- стои во полициското соопштение.
Се додава дека во градот Бурел и областа Мат во период од една година не е регистрирано ниту едно убиство,ниту пак тешко кривично дело,видно се намалени кражбите и не е регистриран ни еден случај на одгледување на марихуана.
Сето ова, стои на крајот од соопштението, укажува на посветеноста и сериозноста на полициските структури, како и на многу добрата соработка со заедницата.