Пакистан е подготвен да го ослободи индискиот воен полот, кој беше заробен пред некој ден, за да придонесе кон смирување на тензиите со Индија, соопшти пакистанското МНР.
– Подготвени сме да го вратиме индискиот пилот ако тоа придонесе за деескалација на кризата – се наведува во соопштението на пакистанското министерство.
Кризата помеѓу двете соседни земји почна во вторникот, а во фокусот повторно е спорната област Кашмир. Пакистанската војска потврди дека завчера собори два индиски авиона во пакистанскиот воздушен простор, од кој едниот се урнал во индискиот дел на Кашмир, а другиот во пакистанскиот дел на областа. Пакистан зароби еден од индиските пилоти и објави негови фотографии, по што Индија побара негово итно ослободување.