Московската полиција откри тајна лабораторија во близина на рускиот главен град, во која дневно се произведувале околу 25.000 таблети екстази, изјави денеска портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк.
Лабораторијата е откриена во една приватна куќа, каде што се пројадени и околу 30 килограми непозната прашкаста материја, како и контејнери со течност, електронски ваги, респиратори и опрема за производство на таблети.
Како што истакна Волк, дрогата од лабораторијата со железнички и авионски превоз е префрлана во други делови на Русија, а откриена е откако бил уапсен патник во воз на релација Москва – Астрахан со над 200 грама екстази.
Против три лица се покренати кривични пријави поради незаконско производство, продажба и пуштање во промет на големи количества наркотични средства.