Суд во Москва денеска го осуди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на 30 дена затвор, поради организирање протести во рускиот главен град непосредно пред инаугурацијата на претседателот Владимир Путин.
Навални, под слоганот „Тој не е наш цар“, организираше протести во повеќе руски градови на 5 мај.
Тој е прогласен за виновен за организирање неодобрен митинг.