Високата комесарка на ООН за човекови права Мишел Башле ги предупреди Израел и Хамас да ги намалат тензиите и да престанат со „погрешните активности на двете страни“.
Башле посочи дека воинствената реторика што ја користат двете страни се чини дека сака да ја зголеми напнатоста наместо да ја смири ситуацијата и предупреди дека лансирањето огромен број ракети кон Израел, дури и во густо населените области, претставува јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и е на работ на воени злосторства, пренесуваат светските агенции.
Таа исто така посочи дека во некои акции на израелската армија во Газа, цел биле цивилни објекти кои, според меѓународното хуманитарно право, не можат да се сметаат за воени цели и додаде дека непочитувањето и кршењето на меѓународното хуманитарно право може да претставува воен криминал.