Не стивнуваат реакциите по одлуката на американската администрација да ги стави јеменските хути на списокот на терористички организации. Предупредување пристигна од ООН.
Помошникот на генералниот секретар на ООН, за хуманитарни прашања, Марк Лукок најави дека ќе ги повика Соединетите држави да се откажат од планот за прогласување на проиранските, шиитски хути во Јемен за странска терористичка организација, бидејќи сметаат дека тоа дополнително ќе ја турка земјата во „глад без преседан скоро 40 години“.
Лукок најави дека ќе укаже дека американските планови за издавање дозволи и олеснувања на хуманитарни организации нема да спречат глад во Јемен, објави Ројтерс.