Дури 77 земји ветија дека до 2050 година ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови на нула, што е проследено со најава од 70 држави дека или ќе ги подобрат своите национални акциони планови до 2020 година или, пак, веќе го почнале процесот.
На климатскиот самит на Обединетите нации лидерите на светските влади и водачите во приватниот сектор изразија подготвеност да се справат со климатските промени и покажаа зголемена согласност дека темпото на акција мора да се забрза, пренесоа светските агенции.