Најмалку 45.000 лица побегнаа од југозападната сириска провинција Дара кон соседен Јордан, поради борбените дејствија кои не запираат.
Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата за координација на хуманитарните активности на ОН изјави дека цивили, вклучувајќи деца, биле убиени и повредени, а болница била разурната при воздушни напади.
– Ние очекуваме дека бројот на бегалците може да се удвои со ескалацијата на насилството, изјави на истата прес-конференција Бетина Лусчер, портпаролка на Светската програма за храна при ОН.