Во Јужна Африка денеска се одбележуваат 100 години од раѓањето на водачот на борбата против апартхејдот, Нелсон Мандела.
Светски лидери и познати личности се собраа во Јоханесбург да му оддадат почит на лидерот на движењето за слобода на црното население во Јужна Африка, кој помина 27 години во затвор пред да издејствува политички промени во земјата во раните 90-ти години на минатиот век.
Мандела беше избран за претседател на Јужна Африка во 1994 година и отслужи еден мандат.
Во чест на стогодишнината од неговото раѓање, поранешниот американски претседател Барак Обама одржа предавање во Јоханесбург, а за во декември се подготвува концерт со ѕвезди како Бијонсе и Џеј Зи, Феми Кути, Ед Ширан, Еди Ведер, Фарел Вилијамс и други.