Експедиција на владата во Непал отстрани 11 тона
отпад од Монт Еверест, изјавија официјални лица од земјата.Официјален претставник на непалското Министерство за туризам, Дандураи Гимира, рече дека чистачите на падините на Еверест со недели собирале конзерви, шишиња и празни боци за кислород, објави АП.
Се вели дека има уште отпад на највисокиот врв, но и дека досегашната мисија на чистење е успешна.
Дел од отпадот е однесен во Катманду, каде што ќе се рециклира.
Според американската агенција, Монт Еверест во текот на пролетта ќе го посетат стотици планинари, нивни водичи и носачи.