Професорот по економија на Приштинскиот универзитет Рифат Бљаку тврди дека според истражувањето што тој го направил, бројот на азиланти од Косово во земјите на Европа од 2010 година изнесува околу 189 илјади, додека бројот на вратени во земјата е околу 60 илјади лица, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бљаку вели дека бројките се изведени врз основа на анализа на податоците од Меѓунарoдната организација за миграција (ИОМ), Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), Агенцијата за статистика на Косово и други извори.
– Профилот на албански повоен мигрант е млад, образован и квалификуван човек, кој гледа перспектива во тоа привремено да ја ублажи сопствената економска ситуација – изјави Бљаку за косовската државна телевизија РТК.