Швеѓанката која го обвинува основачот на Викиликс Џулијан Асанж за силување, ќе побара повторно отворање на тој случај пред шведското правосудство.
Шведското обвинителство се откажа од прелиминарна истрага во 2017 година.
Адвокатката Елисабет Маси Фриц изјави дека нејзината клиентка го чекала апсењето на Асанж и на тоа се надевала уште од 2012 година. Адвокатката вели дека ќе направи сè за повторно отворање на случајот со цел Асанж да се испорача на таа земја за да му се суди за силување.
Асанж е уапсен денеска во Амбасадата на Еквадор, откако таа земја му го укина азилот.