„Нулта пациентот“ заболен од коронавирус во Италија се чувствува подобро, префлен е од интензивна нега во специјален оддел и започнал сам да дише, откако повеќе од две недели беше приклучен на респиратор. Како што јавуваат медиумите, станува збор за 38-годишниот Матиа (38), менаџер од Касалпустерленг, бил првиот регистриран пациент со коронавирус во Италија.
Тој беше пренесен во болница во градот Кодог во провинцијата Лоди на 20 февруари, во многу сериозна состојба, со треска и пневмонија. Истиот ден, во истата провинција се појавија уште 15 заболени лица. 250 лица веднаш биле ставени под надзор, а речиси 50.000 жители на подрачјето каде живее Матија биле во карантин. 18 дена подоцна, цела Италија е ставена во карантин поради ширењето на вирусот, а на 60 милиони луѓе им е дозволено да се движат само под ограничени услови. Бројот на починати од коронавирусот до вчера беше повеќе од 460 во Италија.
Неговата сопруга, која беше под лекарски надзор и која е во осмиот месец од бременоста, по неколку дена е пуштена дома, соопштија лекарите. Младиот менаџер се претпоставуваше дека со денови ги имал симптомите на болеста. Неколку дена пред хоспитализација тој бил кај неговиот лекар заради високата треска. Лекарот му дал антибиотици, а менаџерот, наводно, одбил да биде хоспитализиран во тоа време.
Кога неговата состојба се влошила, тој и неговата бремена сопруга дошле во болница. Бидејќи имал богат социјален и спортски живот, тие претпоставувале дека тој лесно го ширел вирусот во околината. Менаџерот не бил во Кина, извор на вирусната инфекција. Но, како што тој и неговата сопруга им кажале на лекарите, кон крајот на јануари и почетокот на февруари, тие вечерале со еден пријател кој се вратил од Кина. Меѓутоа, нивниот пријател немал никакви симптоми.
Италијанските стручњаци велат дека е можно болеста да се раширила толку многу низ нивната земја заради постоење на еден или повеќе „супер распрскувачи“, односно луѓе кои го носат вирусот и лесно го пренесуваат на другите, а притоа немаат никакви симптоми.