Сенатот на САД го усвои буџетот за 2020 година во износ од 1,4 трилиони долари. Во вторникот Претставничкиот дом, исто така, го одобри тој пакет од два предлог-закона за финансиската 2020 година. Првиот го вклучува здравството и вработувањето, а вториот се однесува на одбраната, финансиите, трговијата, научниот и правниот сектор.
Пентагон ќе добие 738 милијарди долари за воени активности, што е за 22 милијарди долари повеќе од минатата година. За изградба на безбедносни објекти долж границата со Мексико се наменети 1,4 милијарди американски долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп треба да ги попише двата документа за да можат да стапат во сила, со цел да се избегне прекин на работата на Владата.