Викендов се појавија гласини за смртта на 62-годишниот автократски претседател на Туркменистан, Курбангули Бердимухамедов, со непотврдени извештаи за неговата смрт на социјалните медиуми и интернет-порталите, пишува „Форин полиси“.
Туркменистанската амбасада во Москва ги негираше на гласините, нарекувајќи ги “апсолутна лага”. Сепак, гласините се ширеа повеќе од еден ден, а одговорот на амбасадата се случи по гласините во рускиот медиуми за неговата наводна смрт.
Бердимухамедов досега не се појави во јавноста, а неговото отсуство туркменистанската амбасадата го оправдува со болеста на неговата мајка.
Тешко е да се добијат информации од Туркменистан, која е изолирана и таинствена централноазиска земја долж Каспиското Море, со четврти по големина резерви на природен гас во светот, информираат од „Форин полиси“.
Пристапот до Интернет во земјата е строго контролиран и цензуриран, а не постојат независни медиуми. Тоа ги остава жителите на Туркменистан и надворешните набљудувачи да читаат меѓу редови од официјална пропаганда, потпирајќи се на гласини.