Во Брисел денеска продолжуваат преговорите за напуштањето на Велика Британија на ЕУ и покрај ќор-сокакот во кои се наоѓаат.
Последниот предлог на британската Влада наиде млак прием во повеќето земји членки на ЕУ.
Според овој предлог, Велика Британија би останала дел од „слободна трговска зона“ на Унијата, но без да важат за неа европските стандарди.
Шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние меѓутоа изјави дека Европската Комисија смета оти ова не е во „најдобриот интерес на ЕУ“.
Лондон возврати со обвинувања за нефлексибилност од страна на ЕУ.
ЕУ и Велика Британија денеска ќе преговараат и за границата помеѓу Република Ирска и Северна Ирска, што е една од најтешките точки во овие преговори.