Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли денеска ја обвини Русија дека „лаже“ и оти ги поткопува сакциите на Светската организација воведени кон Северна Кореја.
Во обраќање на вонредното заседание на Советот за безбедност на ОН, Хејли нагласи дека постои „систематично“ кршење на санкциите кон Пјонгјанг.
Според неа, санкциите се прекршуваат на тој начин што се вршат бродски трансфери на стоки за кои е воведена забрана за извоз во Северна Кореја, меѓу кои и нафта и јаглен.