По денешното нагло зголемување на бројот на прекугранични ракетни напади на Палестинците, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, најави дека ќе ги засили нападите врз Појасот Газа каде што живеат Палестинци.
– Од вчера, војската изврши стотици напади врз Хамас и ‘Исламскиот џихад’ во Газа. Уште повеќе ќе ги интензивираме нападите – рече Нетанјаху во видеопорака и се закани дека Хамас сега ќе добие удари какви што не очекува.
Тој зборуваше откако две жени беа убиени во директен ракетен напад на две куќи во израелскиот град Ашкелон.
– Нема да застанеме додека не се врати затишјето – рече израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.
Тој додаде дека безбедносните сили на Израел предизвикале и ќе предизвикаат сериозна штета на Хамас и „Исламскиот џихад“.