Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, го откажа учеството на Генералното собрание на Обединетите нации.
Патот за Њујорк е откажан по вчерашните парламентарни избори на кои нема јасен победник и Нетанјаху, судејќи според неофицијалните резултати, нема мнозинство во парламентот заедно со неговите сојузници, десничарските и верските партии.
Нетанјаху требаше да се сретне и со американскиот претседател, Доналд Трамп, следната недела во Њујорк. Не е соопштено дали средбата на двајцата лидери ќе биде презакажана.