Над три илјади луѓе е можно да биле изложени на ХИВ и хепатитис во хируршки центар во Њу Џерси, пренесуваат „Тајм“.
Луѓето кои поминале низ некоја процедура во Хелтплус центарот за хирургија во Садл Брук, Њу Џерси, во периодот од први јануари до седми септември се бара да направат тестирања за ХИВ, хепатитис Б и хепатитис Ц бидејќи е можно да дошле во допир со медицинска опрема која не била соодветно стерилизирана.
Од хируршкиот центар велат дека досега од страна на пациентите не се пријавени инфекции и болести, но препорачуваат тие да ги направат тестирањата колку што е можно побрзо. Се верува дека бројот на пациенти кои можеби биле изложени на несоодветно стерилизираната опрема изнесува 3.778 луѓе.
Според изјавата, Одделот за здравство на Њу Џерси го затвори хируршкиот центар во септември откако било откриено дека вработените не се придружувале до процедурите и прописите наменети за стерилизација на медицинската опремата. Центарот бил одново отворен на 28 септември.
– Пристапивме на ситуацијата многу сериозно. Затворањето на хируршкиот центар ни даде време и приликата да се посветиме повнимателно на подобрување на безбедноста, квалитетот, процедурите и прописите по кои треба да работи хируршкиот центар – изјавија од Одделот за здравство на Њу Џерси.