Припадници на екстремната десница и најрадикални навивачи денеска одржаа антивладин протест во Рим, за време на кој се судрија со полицијата и новинарите.
Неофашистите од екстремно десничарското движење „Форца Нуова“ поздравуваа со фашистички поздрав, пренесе АП. Во еден момент неколку демонстранти се обиделе да ги избркаат новинарите гаѓајќи ги со шишиња и петарди.
На тоа реагирал полицискиот кордон кој се приближил до демонстрантите по што следела повеќе минутна напнатост. Потоа демонстрантите се поместиле малку подалеку.