Најмалку 373 луѓе загинале во смртоносното цунами што во саботата вечер ги погоди индонезиските острови Јава и Суматра, соопштија денеска властите.
Според истите извори, повредени се 1.459 лица.
Индонезиската агенција за ублажување на природните катастрофи наведе дека 128 луѓе се водат како исчезнати, пренесува АП.
Вулканот Анак Кракатау, по чија ерупција викендов се формираше цунами што уби речиси 300 луѓе, повторно еруптираше.
Како што јави Би-Би-Си, жителите на крајбрежниот појас во близина на Анак Кракатау биле предупредени да се држат подалеку од плажите, поради можноста од појава на ново цунами по ерупцијата.