Во самоубиствен бомбашки напад со камион во источен Авганистан загинаа најмалку 18 лица, а 38 се повредени, потврдија властите во земјата.
Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи изјави дека нападот се случил во источната провинција Нангархар, во близина на џамија каде што се собрале локалните жители на молитва.
Неколку вооружени лица се обиделе да влезат во зградите на окружните власти по експлозијата, но биле убиени од авганистанските сили пред да стигнат до нив.
Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, а познато е дека талибанците и Исламска држава се активни на овие простори. Двете групи извршија напади врз авганистанската влада, припадниците на безбедносните сили и цивили.
Претставници на авганистанската влада и талибанците започнаа преговори во Катар за ставање крај на повеќедецениската војна во земјата, по договорот за прекин на огнот потпишан од САД и талибанците на 29 февруари во Доха.