Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ денеска соопшти дека меѓу 30-те цивили, кои се киднапирани пред еден месец од џихадистичката група Исламска држава во јужниот дел на Сирија, има најмалку 16 деца.
Според ХРВ, екстремистите ги користат киднапираните како средство за размена во преговори со сириската Влада и Русија. Организацијата го оцени тоа како „воено злосторство“.
Сириските владини сили ги продолжуваат нападите врз ИД во провинцијата Суеида и реони во близина на Дамаск. Локални жители формираа комисија за водење преговори, со цел да ги ослободат своите роднини.
На 25 јули борци на ИД извршија самоубиствени напади врз села во Суеида и киднапираа повеќе од 30 луѓе. „Хјуман рајтс воч“ тврди дека две жени успеале да побегнат.