Најмалку 141 лице загина во поплавите и одроните предизвикани од поројните дождови на западот на Јапонија, соопштија властите.
Во повеќе од три децении, ова е најголем број на жртви од последиците на дождовите, пишува Би-Би-Си.
Спасувачките служби продолжуваат да ја расчистуваат калта во обид да дојдат до евентуални преживеани.
Околу два милиона луѓе се евакуирани од нивните домови откако реките се излеаа од коритата.