Пред две недели, авион на „Украина интернешнел ерлајнс“, од видот „боинг 737-800“, беше соборен непосредно по полетувањето на меѓународниот аеродром во Техеран. Во инцидентот загинаа 176 лица, а Иран призна дека по грешка го соборил авионот.
Западни извори сметаат дека авионот бил погоден од проектил земја-воздух „тор-м1“, истрелан од иранската Револуционерна гарда. Инцидентот се случи во период на зголемени тензии помеѓу САД и Иран и ги врати сеќавањата на соборувањето на авионот на летот мх-17 над Украина во јули 2014 година. Во овој случај, истрагата покажа дека авионот „боинг 777“ беше погоден од руски проектил земја-воздух „бук“, при што загинаа 298 лица.
Пред инцидентот со авионот на летот мх-17, соборувањето на леталото на иранската авиокомпанија во 1988 година е најсмртоносен инцидент досега во историјата. Авионот од видот „ербас а300“ беше соборен од крстосувачки проектил, истрелан од американскиот воен брод „Винченс“, при што загинаа 290 лица. Инцидентот се случи откако американскиот брод по грешка го идентификува авионот како ирански ловец „ф-14“.