Бизнисмен, кој некогаш живеел во социјален стан во близина на Манчестер, денес е најбогатиот човек во Велика Британија, објави весникот „Сандеј Тајмс“.
Џим Ратклиф, основач на хемиската компанија „Инеос“, е прв на листата најбогати, со богатство проценето на 21,05 милијарди фунти.
На врвот на листата од илјада најбогати Британци се и двајца директори на компании, а готвачот Џејми Оливер и модниот тајкун Филип Грин паднаа подолу на листата.
Ратклиф (65) како момче од социјален стан во Фејлсворт, кај Манчестер се преселил во Источен Јоркшир. Неговиот татко бил столар, а мајка му сметководителка.
Учествувал во експедиции на Северниот и Јужниот пол, трчал на маратони и навивач е на Манчестер Јунајтед.