Научниците во Израел претставија тродимензионално печатено срце со човеково ткиво и крвни садови, нарекувајќи го тоа прв и „голем медицински пресврт“ кој придонесува кон можностите за трансплантација.
Срцето, со големина колку на зајак, означува дека „првпат, некој, некаде успешно дизајнирал и испечатил цело срце, снабдено со клетки, крвни садови и комори“, истакна раководителот на проектот Тал Двир од Универзитет Тел Авив.
Тој потсети дека и претходно се печатени 3Д структура на срце, но не се клетки и крви садови.
Научниците велат дека постојат многу предизвици пред целосно оперативни тродимензионални печатени срца да бидат достапни за трансплантација на пациенти.
Истражувачите сека мора да ги научат печатените срца „да се однесуваат“ како вистински, а потоа планираат да почнат со трансплантација кај животни.
-Можеби за 10 години ќе постојат печатени органи во најдобрите болници ширум светот и овие процедури ќе се изведуваат рутински – изјави Двир.