Мајкл Киоло, кој во вторникот нападна два затворски службеника во затворот Конде-сур-Сарт, разменувал писма со Шекат Шериф, одговорен за нападот на Божиќниот пазар во Стразбур, без да спомене дека е можно да премине на дело, јавува дописникот на МИА.
Двајцата терористи „размениле” писма, според извор близок на истрагата, кој ги потврдува информациите од француските телевизии.
Кога, Мајкл Киоло сериозно ги повреди со нож двајцата чувари викал дека сака да го „одмазди” Шериф Шекат, убиен на 13 декември од страна на полицијата по убиството на пет лица во Стразбур.
Двајцата истовремено биле затворени, меѓу септември 2014 и февруари 2015 година, во затворот Епинал, но не и во иста ќелија, според извор од казнено-поправните установи.
Шериф Шекат е лицето кое изврши терористички напад со нож и пиштол во Стразбур на 11 декември при што загинаа пет лица.