Маж смртно прободел четири лица и ранил двајца во јужна Калифорнија, пренесува Си-ен-ен.
Двајца од убиените живееле во близина на напаѓачот, третиот работел како обезбедување во продавницата а четвртиот бил гостин во ресторан.
Началникот на локалната полиција изјави на прес-конференција дека сторителот бил вооружен со нож и пиштол и ограбил стан и неколку деловни простории.
Според „АП“, насилството било случајно и единствените познати мотиви засега се грабеж, омраза и убиство, изјавил полковник на полицијата од Гарден Гроув на прес-конференција.
Осомничениот и сите жртви се Латиноамериканци.
Двете ранети лица се во стабилна состојба, откри полковникот Карл Витни.