Во самоубиствен бомбашки напад врз авганистански владин автобус утрово загинаа најмалку петмина луѓе, соопштија властите во Кабул.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјавил дека во нападот се повредени уште најмалку 10 луѓе.
Според властите, експлозијата ја предизвикал атентатор – самоубиец.
Истражители се на местото на нападот и се врши увид.
Засега ниту една група не ја презеде одоговорноста за нападот.