Најмалку четири лица се повредени денеска во напад со нож, на локација на која се одржувал протесет во Хонгконг.
Како што наведоа локалните медиуми, до нападот дошло во трговскиот центар „Сити плаза“, а засега неидентификуваниот напаѓач делумно му го одгризал увото на локален советник, пренесе Би-би-си.
Се наведува дека бесната маса го соборила и истепала напаѓачот и тој бил уапсен.
Весникот „Хонгконг фри прес“, објави дека напаѓачот ја поддржувал владата во Пекинг и дека полицијата ги растерала демонстрантите.
„АП“ пренесе дека полициските службеници упаднале во повеќе трговски центри за да спречат повторно одржување на протести, во време кога лидерката Кери Лам патува во Пекинг, каде би требала да разговара за продлабочување на економските интеграции помеѓу оваа кинеска територија и копнениот дел на Кина.
Британски „Телеграф“ пишува дека во трговските центри дошло до судири помеѓу демонстрантите и полицијата, пришто повредени се неколку лица.
Полицијата јави дека демонстрантите уништиле еден ресторан, откако претходно мирно ги извикувале паролите.