Најмалку десет ученици се повредени во напад во едно основно училиште во Кина. Нападот се случил во утринските часови на првиот ден од новата учебна година во градот Енши.
Сите повредени ученици се згрижени во болница. Медиумите пренесуваат дека полицијата го задржала осомничениот за нападот на испитување.
Мотивот сè уште не е познат, а не се познати ниту другите детали за инцидентот.
Во јуни минатата година еден маж избоде со нож две деца во училиште во Шангај. Пред тоа, во април, деветмина ученици беа убиени, а повеќе од десетина повредени во средно училиште за време на напад на поранешен ученик кој се одмаздувал поради малтретирање во училиштето.