Најмалку 60 лица загинаа при шест американски воздушни напади врз позиции на терористичката група Ал Шабаб во Сомалија.
Како што соопшти денеска Африканската команда на Вооружените сили на САД, при нападите, извршени во реонот Гандарше, јужно од сомалискиот главен град Могадишу, биле убиени 62 екстремисти на Ал Шабаб.
Во соопштението се наведува дека четири од воздушните напади биле извршени во саботата, при што биле ликвидирани 34 терористи.
Останатите два напада бил извршени во текот на вчерашниот ден, при што биле убиени 28 припадници на Ал Шабаб.
Според американските вооружени сили, при воздушните напади, спроведени во координација со сомалиската Влада, нема настрадани цивили.