Албанците се на прво место по бројноста на листата на лица со илегален престој откриени во земјите на Европската унија(ЕУ) во текот на 2017 година, покажуваат официјалните податоци на Евростат.
Во текот на минатата година откриени се 40.025 албански државјани кои престојувале во некоја западноевропска земја без документи, со што нивниот број е поголем дури и од оној на Сиријците, Авганистанците и Ирачаните.
Во периодот од 2008 до 2017 година откриени се дури 415.900 албански државјани со илегален престој во ЕУ, при што најголемиот процент од нив во 2008 и 2009 година.
Според Евростат, лани во Албанија биле вратени 31.000 албански државјани, а една година претходно 43.000.
Во 2016 година Албанците биле први на листата според бројот на депортирани, имајќи предвид дека Албанија се смета за безбедна земја.