Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, кој се сметаше за наследник на лидерското место во Ал Каеда и кој постојано се закануваше дека ќе ги нападне САД, е мртов, објавија американските медиуми повикувајќи се на официјални извори.
Според медиумите, Хамза бин Ладен бил убиен во изминатите две години, за време на администрацијата на Трамп, но досега било потребно време за да се потврди неговата смрт. Други детали не се соопштуваат.
Во февруари Стејт департментот објави награда од еден милион американски долари за информации за местото каде се наоѓа тој. По нападите на 11 септември 2001 година, припадници на Ал Каеда, меѓу кои и Хамза бин Ладен, избегаа во Иран, каде што беа приведени. Оттогаш, за Бин Ладен се велеше дека е во пограничниот регион на Авганистан и Пакистан, како и во Сирија, велат аналитичари и поранешни официјални претставници.